Љубовни изненадувања во „Капитол мол“

Можете да го разгледувате универзумот и да барате некој што ги заслужува вашите љубов и внимание или едноставно можете да дојдете во Капитиол Мол од 11 до 14 февруари и да уживате вољубовни, музички или чоколадни изненадувања.

Во месецот на љубовта и на чоколадата, Капитол Мол за своите потрошувачи организираше Минибазар кој ќе биде исполнет со најразличнивкусни изненадувања, „Купидон” играта во која секој може со стрела да го погоди омилениот подарок, а најзаљубените можат да уживаат во романтичната атмосфера и изведбите на љубовни песни на пијано.

Воедно, токму на Св.Валентин во приземјето во трговскиот во Капитол Мол се отвора новиот ланч бар Campione Cafe.  Посетителите ќе добијат ново место за уживање во кафето и вкусната храна во еден комплетно урбано уреден ентериер кој допрва ќе ја раскажува својата приказна.

„Ги покануваме сите посетители и потрошувачи да дојдат и да уживаат во овој љубовен амбиент и да освојат супер награди за своите најсакани. Сакаме на нашите лојални потрошувачи и посетители да им обезбедиме атмосфера во која секој ќе се почувствува посреќен, отколку пред да влезе во Капитол Мол. Во нашето срце има љубов за сите, затоа креираме содржини кои на потрошувачите и сите посетители ќе им обезбедат дополнителна вредност и повеќе уживање во месецот на љубовта“ – изјави Даниела Адемоска, сопственичка и генерален директор на Капитол Мол.

k1 k3

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.