„Љубовникот на Ленин“ нов роман на Блаже Миневски

Во издание на „Матица македонска“ од Скопје излезе од печат романот „Љубовникот на Ленин“ од познатиот македонски писател Блаже Миневски. На страниците од ова ретко возбудливо дело, авторот разгатнува чувствителни теми од македонската историја и сегашност.

Приказната почнува со потрагата по гробот на Браќата Миладиновци во Истанбул,а завршува  со отровната боја фрлена врз фасадата на македонското Собрание во Скопје.

Главниот лик во романот, интелектуалец со одредена парапсихолошка дарба, експерт за звук и звучна изолација, чие име на чуден начин е поврзано со насловот на приказната, наследува таен фонд документи од својот татко, долгогодишен соработник на службата за државна безбедност. Како самец кој никогаш во животот не работел, освен што повремено дресирал кучиња што ги собира од улица, астрално внесен во потрага по мистериозни информации скриени во архивата, открива сензационални тајни од приватниот и јавниот живот на многу луѓе, но и многу историски записи и неверојатни факти за сопственото семејство,се потенцира во препораката кон изданието.

Блаже Миневски спаѓа во редот на истакнатите современи македонски романсиери. Автор е на романите: „Јас,Тито и Мики Маус“,„Требаше да се сликаме пред да се замразиме“, „Свирци“, „Нишан“, „Мемоарите на една млечка“ и „Црна лисица“. За своето прозно творештво добитник на наградите: Стале Попов,Рациново признание,13 Ноември,Роман на годината на Утрински весник.Негови дела се преведени на англиски,арапски,кинески,бугарски,српски,словенечки и италиојански јазик.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.