Љубовта години не брои – три причини за врска со постар маж

Веројатно сите сте слушнале за кугар-жените кои уживаат во друштво на помлади мажи и кои ги исполнува излегувањето со „пилиња“. Меѓутоа, во природата на машко-женските односи е дека момчето треба да биде постар од жената, бидејќи на нив е да бидат потпора, поддршка и да имаат решение за се’.

А, тоа сигурно не можете да го очекувате од некој кој има помало искуство од вас. Па, ако до вас сакате мудра и зрела глава, побарајте сериозен фраер.

Еве, уште неколку причини поради кои би требало тоа да го направите.

Затоа што знае што сака

Животно искуство, освен шармот и елоквентност, со себе носи и љубовна зрелост. Мажот, кој проживеал многу подеми и падови во љубота, многу добро знае што сака од својата партнерка. Ако се вљуби, ќе направи се’ за со вас да го помине остатокот од животот. Кога искусен маж одлучи да се врзе, приоритет му е да се посвети на вас, а не работата, пријателите и забавите.

Затоа што ве разбира

Животното искуство со себе носи разбирање и толеранција. Мажот, кој запознал голем број различни жени, многу подбро го разбира нивното размислување, нивните желби и потреби.

Токму поради тоа, ако некој ве разбира кога сте нервозни, тажни или кога вам едноставно ви е потребно време само за себе, тогаш тоа ќе биде изграден маж, кој буквално минал и сито и решето.

Затоа што ќе научите се’

Мажот, кој за себе има животна приказна збогатена со работни предизвици, патувања, хобија и знаење, има и  богато животно искуство, кое ако е вљубен, со задоволсто ќе го пренесе и на својата партнерка.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.