Љубовта треба да се третира како и работата

Вработените двојки би требало кон својот љубовен живот да се однесуваат исто како и спрема работата, да бидат точни, внимателни и претчувствителни, сметаат стручњаците.

Состанокот со саканата личност треба да има исто значење како и професионалниот состанок за да се одржи љубовниот жар, наведуваат научниците од Универзитетот во Илиноис, истакнувајќи дека двојките мораат во меѓусебниот однос да применуваат иста работна етика како и во професионалниот живот.

Партнерот мора да биде приоритет. Во текот на разговорот со него, заедничкото планирање, решавање на проблемите и соочувањето со стресот потребно е да се вклучи иста количина енергија како и на работното место.

„Кога луѓето доаѓаат на работното место се трудат да бидат точни, да бидат продуктивни во текот на целиот ден, внимателно ги слушаат колегите и надредените се трудат да остават добар впечаток со обелкувањето. Но, тешко им е тоа да го применат кога ќе се вратат дома, бидејќи се уморни и емотивно исцрпени. А, тогаш почнува и „втора смена“ деца, чистење, готвење, пеглање, комуникација. Работата изнемоштува и малку време останува за заеднички работи со партнерот, затоа е потребно да се поработи на односот со него,“ советуваат стручњаците.