Љуљ останува во Реал Мадрид до 2021 година

Бекот на Реал Мадрид Серхио Љуљ ја одби понудата на Хјустон „Рокитси“ и го продолжи договорот со „кралскиот клуб “ до 2021-та година.

„Ова е многу среќен ден за мене бидејќи ја продолжив соработката со клубот кој што го сакам“, вели Шпанецот.

„Му благодарм на клубот за напорите кои ги вложи за мене“, додава искусниот Љуљ.

„Ова е место каде прекрасно се однесуваат кон мене, а мене ми е чест и привилегија да ги бранам боите на овој дрес“, рече Љуљ.

27-годишниот кошаркар пристигна од Мадрид во 2007-та од Манреса, а екипата од Тексас го избра две години подоцна како 34-ти пик во втората рунда на драфтот.

„Се надевам дека заедно со моите соиграчи ќе продолжиме да ја реализираме истријата и да осојуваме титули“, потенцира Љуљ.

„За мене играњето во Реал Мадрид е сон од мали нозе“, нагласува шпанскиот ас.

„Чувството ми е исто како и во 2007-та кога стигнав“, наведува одличниот Љуљ.

„Беше ова тешка одлука бидејќи НБА лигата е многу примамлива“, истакна Шпанецот.

„Исто така им се заблагодарувам на Рокитси за нивниот интерес за мене“, порача шпанскиот репрезентативец.

„Сепак кога ги согледав позитивните и негативните страни за моето заминување во мислам дека донесов добра одлука“, додава тој.

Љуљ мината сезона освои тројна круна со Реал Мадрид, титулата во АЦБ лигата, Купот на кралот и Евролигата.