Љупчо Палевски: Газда на политичките шибицари во Македонија е Бејли (ВИДЕО)

Освен албанските гласови за СДСМ кои го казнуваат ДУИ, а што претствуваше и своевиден изборен инженеринг на американскиот амбасадор во Македонија, Џејс Бејли, постојат уште и 34.000 гласа кои од 1990 година до ден денес воопшто не гласале, рече Љупчо Палевски, поранешен претседател на градската конференција на СДСМ, за саботното издание на програмата „Гласот на народот“ со Слободан Томиќ на Радио Слободна Македонија.

На изборите на 11 декеври 2017, сите тие до последниот гласале, што претставува заокружување на бројката од 100.000 гласа американска помош за невладината организација СДС, смета Палевски.

„Ваквата ситуација Американците ја открија при чистењето на избирачкиот список и затоа нормално го употребија за да брутално го скројат резултатот како што го скроија и да го има овој конечен лик и епилог“, истакна Палевски.

Според поранешниот претседател на градската организација на СДСМ во Скопје „Иницијативата ‘За заедничка и Македонија’ и натаму ќе добие во интензитет, зошто Зоран Заев продолжува да биде генератор за конфликите меѓу Македонците“.