Македонија

Љутков даде оставка од позицијата уметнички директор на Драмски

Љутков даде оставка од позицијата уметнички директор на Драмски

Познатиот актер, Зоран Љутов, вчера дал оставка од функцијата уметнички директор на Драмскиот театар во Скопје.

Љутков во последните три години беше прв соработник на директорите на Драмски, на Бранко Ѓорчев и на актуелниот – Роберт Вељановски.

Оставката, како што пренесува Дневник, е од лични причини. Љутков работеше во Драмскиот театар уште од 2006 година.