среда, 26 јули 2017  |  Вести денес: 0

Новогодишен дочек во Охрид со Викторија Лоба и Боби Мојсоски

За украсување на градот годинава ќе бидат потрошени околу еден 1 милион и 180 илјади денари , а за дочекот на новата година, со целокупната програма вклучувајќи ги и естрадните уметници ќе се потрошат уште дополнителни 700 илјади денари.

Новогодишен дочек со Лоба и Боби Мојсоски во Охрид

Новогодишен дочек со Лоба и Боби Мојсоски во Охрид

Поврзани вести

 

Музичките ѕвезди Викторија Лоба и  Боби Мојсоски, ансамблот „Билјана Јуниор“ и групата „Компас бенд“ ќе ги забавуваат охриѓани и гостите за дочек на Новата 2016-та Година  во Охрид.

Градоначалникот Никола Бакрачески ги покани  сите охриѓани и гости најлудата ноќ да ја дочекаат на градскиот  плоштад.

– Се надевам дека одзивот на граѓаните на Охрид и гостите ќе биде одличен. Очекуваме преполн плоштад  на самиот дочек, но и според најавите на туристичките агенции, хотелитерите како и од приватните станоиздавачи, очекуваме Охрид и оваа година да биде препон со гости за новогодишните празници. Најголем број од нив ќе бидат од Република Македонија, но и од соседните   држави пред се од Србија, Црна Гора, Бугарија и Албанија. Најавено е и присуство на гости од Полска и Турција- рече градоначалникот  Бакрачески според кој новогодишните и наредни зимски празници ќе бидат продолжение на годинешната успешна туристичка сезона.

– Се надеваме дека новогодишните празници ќе бидат еден финален дел, ќе ја комплетираат сликата на  успешната сезона која што ја имавме оваа година, која бележи растечки тренд во однос на минатите години. Според податоците кои се уште се обработуваат а за кои наредниов период повторно ќе излеземе со детали  пред медиумите, има  пораст  во бројот на гости за 11% споредено со минатата година  и пораст на остварените ноќевања за  околу 7,6% во однос на лани, подвлече Бакрачески и посочи дека  се очекува во најмала мера и за наредната година да се повторат бројките од оваа година, а според анализите   ќе има тренд на  постојано  растење на бројот на туристи во наредниве  години.

Што се однесува до годинешното пораскошно украсување на градот, Бакрачески истакна дека покрај центарот во украсувањето се опфатени и други периферни делови кои претходно не биле украсувани.

-За   украсување на  градот  годинава ќе  бидат потрошени околу еден 1 милион и  180 илјади денари , а за дочекот на новата година, со целокупната програма вклучувајќи ги и естрадните уметници  ќе се потрошат уште дополнителни 700 илјади денари, додаде градоначалникот Бакрачески.

Инаку во Охрид во тек е  дванаесетдневната  предновогодишната програма  на која  учествуваат ученици од  основните и средни  училишта, најмладите од  детската градинка „Јасна Ристеска“,учесниците од детскиот музички фестивал „Распеано Рибарче“, членовите од  фестивалот „Распеани ѓерданчиња“, танцови клубови, културно-уметнички друштва, и талентирани поединци е најава за дочекот на нова Година во Охрид.

Во рамки на програмата  вечерва пред бројната публика  на плоштадот во Охрид настапија  учениците од основните училишта  и од танцовиот клуб „Соната“.

 

 

Најчитани вести