Лоба ќе ја испее македонската химна во чест на шампионите!

Во секој момент се очекува пристигнувањето на Европскиот шамион Вардар на плоштад во Скопје. Момците пристигнаа на аеродромот во Скопје и тргнаа кон центарот на градот, каде ќе ги пречекаат голем број на фанови, а и македонската пејачка Викторија Лоба.

Лоба облече Вардарски дрес и е подготвена да ја отпее македонската химна.

лоба

Македонскиот шампион Вардар е нов европски првак во ракомет, откако во неверојатна драма во „Ланксас арената“ го совлада ПСЖ со 24-23 и првпат во историјата стана шампион на стариот континент.

Извор: Вистина