Балкан

Лоцирани телата на четворица рудари, петтиот затрупан со камења

Лоцирани телата на четворица рудари, петтиот затрупан со камења

Припадници на Четата за спасување во сабота попладне ќе се обидат да ги извлечат на површина телата на петмината загинати рудари во Зеница, Босна и Херцеговина, јавуваат локалните медиуми.

Главниот рударски инспектор во Федерацијата Босна и Херцеговина Нурага Дурановиќ сопшти дека се лоцирани телата на четворица загинати рудари, додека до телото на петтиот рудар ќе биде многу тешко да се дојде.

Вчера од рудникот беа извлечени 29 преживеани рудари кои повеќе од 20 часа беа заробени во рудникот.

„Рударите кои ги извлековме ни рекоа дека четворица нивни колеги се задушиле од метан. По потресот, се изгубиле во рудникот и лутале по ходниците, што предизвикало паника и смрт. Петттиот колега, кој работел како пумпар на системот за одводнување подземни води, го затрупале камења“, рекол еден од спасувачите, пренесува „Дневни аваз“.

Несреќата во рудникот се случи во четврток околу 16.30 часот откако подрачјето на Зеница го погоди земјотрес со јачина од 3,5 степени спред Рихтеровата скала.