Локации за собирите на граѓани за поддршка на полицијата

Низ 23 градови денеска со почеток од 19 часот се организираат грашански сбори на кои заеднички и сплотено ќе се изрази  поддршка и почит на македонската полиција.

-Да се заблагодариме за нивниот патриотизам, професионалност и непоколебливост во одбрана на нашата држава, на нашите животи и нашиот мир и обезбедување на соживот, се наведува во повикот.

Собирите ќе започнат во 19 часот на плоштадите во Велес, Кавадарци, Неготино, Гевгелија, Валандово, Струмица, Берово, Пехчево, Делчево, Кочани, Македонска Каменица, Виница, Штип, Пробиштип, Свети Николе, Кратово, Крива Паланка, Кичево, Охрид, Битола, Прилеп, Ресен, и во Скопје на три локации – во Општина Кисела Вода (месност кај Злате, Општина Гази Баба (плоштад Филип Втори) и Општина Ѓорче Петров (плоштад Делфина-Порта Влае).

 

  1.     Виница – поаѓање стар плоштад по ул.Маршал Тито(главна улица) до Кафе гала кај јарболот
  2.     Штип – поаѓање од зграда промаја(горно маало),кружен тек стара чаршија,покрај хотел Гарни,здравствен дом до полициска станица
  3.     Пробиштип – поаѓање од плоштад до местото викано кружен тек
  4.     Св.Николе – поаѓање спортска сала Цар Самоил,низ градски парк,градски плоштад,градски центар завршува кај полициската станица
  5.     Кратово–поаѓање од автобуска станица до центар плоштад Кратово
  6.     Кр.Паланка – поаѓање од плоштад ВМРО до плоштад Карпошово востание пред општина Кр.Паланка
  7.     Велес – поаѓање од главна улица кај кафичите во близина на црквата во центарот, движење кон кружниот тек до спомениците Велешки Илинденци
  8.     Берово – поаѓање од плоштад
  9.     Пехчево – поаѓање од раскрсница на бул.Борис Кидрич до плоштад во центар
  10.   Делчево – поаѓање од градски парк до споменик на паднатите борци
  11.   Кочани – поаѓањеод градски парк до полициска станица
  12.   М.Каменица – поаѓање од јарболот во близина на споменик Миле Џингар и Вера Јоциќ
  13.   Кавадарци – поаѓање од плоштад на градот до полициска станица
  14.   Неготино – поаѓање од плоштад по ул.Маршал Тито до полициска станица и по ул.Партизанска до центарот назад
  15.   Гевгелија – поаѓање од плоштад
  16.   Валандово – поаѓање од стар градски пазар до полициска станица
  17.   Струмица  поаѓање од кружен тек на Младинска по ул.Гоце Делчев,бул.Маршал Тито  и завршува на плоштад Гоце Делчев
  18.   Прилеп – поаѓање од споменик Прилепски бранители до споменик Карпалак
  19.   Кичево – поаѓање од правен факултет до центар за култура
  20.   Охрид – поаѓање од плоштад до полициска станица
  21.   Битола – поѓање од фонтана кај Музејот до плоштад Магнолија
  22.   Ресен – поаѓање од плоштад до полициската станица
  23.  Скопје – три локации – во Општина Кисела Вода (месност кај Злате, Општина Гази Баба (плоштад Филип Втори) и Општина Ѓорче Петров (плоштад Делфина-Порта Влае).