Локализиран пожарот кај Булачани и Раштак

Пожарот на Скопска Црна Гора во близина до селата Булачани и Раштак е локализиран, но се уште постои можност повторно да избувне поради ветерот и тлеењето на дабот.

Пожарот зафати околу 500 хектари трева и ниско стеблеста шума, при што настрадаа бачило и викендичка.

Авиони од дирекцијата за заштита и спасување, пожарникари и локалното население учествуваа во гаснењето на пожарот. Не е причиниета голема материјална штета.