Локализиран пожарот на покривот на „Панорама“

Пожарот на покривот на „Панорама“е брзо и навремено локализиран и нема повредени лица, информира инвеститорот Архи ДОО Скопје.

На падините на Водно, денес околу 14 часот беа опожарени објектите на комплексот Панорама Резиденс, инвестиција на Архи ДОО Скопје. Во интерес на јавноста би сакале да ги демантираме сите шпекулаци поврзани со настанот и притоа да информираме, дека пожарот е брзо и навремено локализиран и нема повредени лица, соопштуваат од фирмата.

Оттаму информираат дека при пожарот е предизвикана мала материјална штета и дека од безбедносни причини, екипа на противпожарна единица на Град Скопје ќе биде на местото во текот на ноќта.

Причините за предизвикување на пожарот дополнително ќе се утврдуваат.