Локални и евроизбори во Грција

Локалните избори во Грција се следат со големо внимание особено бидејќи вториот круг се поклопува со денот на гласањето за Европскиот парламент и бидејќи ќе го покажат расположението на грците кон коалицијата на премиерот Антонис Самар, кој дојде на власт пред две години.

Локалните избори во Грција се одржуваат за градоначалници и градски совети во 325 општини како и за префекти во 13 региони во Грција, првиот круг беше одржан во неделата, 18 мај,  а вториот круг кој ќе ги даде конечните резултати ќе биде одржан на 25 мај. Скоро 10 милиони грци имаат право да гласаат.

По 6- годишната рецесија и брановите на политика на штедење кои ги намалија приходите и ја кренаа стапката на невработеност во Грција на преку 26 проценти, изборите се борба помеѓу националните и локалните прашања и проблеми.

„Постои нов тренд во полза на партиите кои се анти-естаблишмент“, вели политичкиот аналитичар Џон Лулоис, „иако луѓето сеуште немаат доверба во СИРИЗА, сепак се волни да експериментираат“- пренесува Ројтерс.

„Засега никој не може да зборува за сигурна победа, особено не СИРИЗА, чии кандидати котираа далеку послабо отколку на изборите во јуни 2012 година. Нова демократија, пак, од друга страна, по лошите резултати, особено во Атина, регионот Атика, каде што беа поразени во првиот круг, веќе не можат да профитираат со многу подобри резултати и во други области“ – смета Димитрас.

Гласањето во првиот круг на локалните избори кои се оджаа во неделата, 18 мај во Грција, ги дадоа следниве резултати: Владеачката Нова демократија освои вкупно 12 општини, по неа ПАСОК 7 и СИРИЗА освои вкупно 5 општини. Во Атика победа извојува кандидатката на СИРИЗА, која го претрка актуелниот префект од ПАСОК Јанис Згурос. Во првиот круг актуелниот градоначалник на Атина Јоргос Каминис го задржа своето водство со тесна разлика од 1% во однос на својот противкандидат од СИРИЗА Габриел Сакаларидис. Вториот круг од изборите ќе се одржи на 25 мај и се совпаѓа со изборите за Европскиот парламент – пренесоа медиумите.

Kандидатите утлрадесничарската  Златна зора и во Солун и во Атина истрчаа четврти по ред. Во Солун нивниот кандидат Артемиос Матеопулос освои 7,7 отсто од гласовите. А во Атина Илијас Kасидиарис, кој си ја  стекна славата со удирање на шлаканица на една пратеничка пред телевизиските камери во 2012 година,  освои 16,11 проценти. Инаку, речиси сите од 18-те парламентарци на партијата се под истрага за криминални активности извршени во последните две години .

Проценките на политичките аналитичари се дека доколку Нова демократија во целина победи на локалните избори пред СИРИЗА, двете партии веројатно ќе ги заменат улогите на изборите за Европскот парламент в недела, со оглед на тоа дека за СИРИЗА би гласале 27,4 отсто, а за Нова демократија 22,7 отсто. Претставниците на трите партии, Нова демократија, СИРИЗА и ПАСОK, Андонис Самарас, Алексис Ципрас и Евангелос Венизелос, се уверени дека одлучувачката битка ќе се одвива на евроизборите, кои се оценуваат како тест за владата.

Свој коментар за изборите во Грција даде и Теодор Кринтас, генералниот директор на Атика Банка, осврнувајќи се на очекувањата од резултатите за изборите за ЕУ подоцна овој месец.

„Пазарите ќе покажат каква е стабилноста посел гласањето“ – рече тој.