Локалните избори во Грција ќе се одржат во мај 2014 година

Локалните избори во Грција ќе се одржат на 18 и 25 мај 2014 година., изјави грчкиот министер за внатрешни работи Јанис Михелакис.

Министерот истакна дека нема да има промени во изборниот закон, и оти изборите ќе се одржат согласно сегашниот изборен систем.