Локвенец: Силна поддршка за процесите кои водат до членство на Македонија во НАТО

Се остваруваат врвните стратешки интереси на Македонија, поставени уште од денот на нејзиното осамостојување, се реализираат децениски заложби на нашите граѓани, на сите досегашни влади и собраниски состави, порача во четвртокот Хари Локвенец, пратеник на СДСМ и коалицијата

Локененец оцени дека препзнаено било лидерството на Македонија. а оти успехот е соодветно вреднуван.

„Македонија станува триесетта членка на НАТО, македонското знаме ќе се вее натиот јарбол пред седиштето на НАТО во Брисел. Членството во НАТО не само што обезбедува загарантирана безбедност и сигурност, туку отвора пат до нови фондови, зголемена конкурентност, носи повеќе инвестиции, нови работни места, а со тоа и поголем квалитет на животот на сите граѓани во Република Македонија“, рече пратеникот од владејачката СДСМ.

Локвенец, исто така, вели дека како патеници остануваат „силни посветени“ посветени на евроинтегративните процеси што обезбедуваат полноправно членство во ЕУ и НАТО.

За таа цел, како што имформираше, Комисијата за одбрана и безбедност, донела едногласен заклучок, на Собранието да му предложи Декларација за поддршка на пристапниот процес за членство на Република Македонија во НАТО. Очекуваме дека оваа Декларација, ќе биде со акламација усвоена на седницата, следниот вторник на 17 јули.

 

„По децениско уназадување, денеска гордо кажуваме дека Македонија оди напред и враќање назад нема. Македонија станува држава пример за решавање на отворени прашања и проблеми, држава пример за интеграција, партнерство и сојузништво со демократскиот свет“. тврди Локвенец.