Лондон добива ново такси

Во најголем дел од градовите, било кое возило може да се користи како такси. Сепак, постојат градови кои држат до себе, па нивните такси возила се единствени и прочуени. Градовите како Лондон, дел од својата репутација ја граделе на препознатливиот црн автомобил кое го има на улиците на оваа осуммилионска метропола.

Со текот на времето, такси возилата се менуваат па нови такси возила, добија Њујорк, Барселона, Токио, а Лондон е следен. За сите овие градови, јапонскиот Нисан дизајнираше и произведе нови возила, а популарниот Hackney Carriage, наскоро треба да добие наследник на лондонските улици.

Новото лондонско такси, е веќе познатиот модел HV200 кое пред една ипол година се појави во класично црно издание. Денеска, дизајнерите на овој производ работат на негово прилагдување во британската претстолнина. Колку овој автомобил им е важен на лондончани, зборува и фактот дека на работата на возилото е вклучена и канцеларијата на градоначалникот.

Главни карактеристики на новиот црн такси ќе бидат новте округли ЛЕД фарови и рестилизиран преден браник. Исто така, новото такси ќе мора да ги задоволи и строгите критериуми на управување и маневрирање во градските гужви, што значи пречник на вртење од 7,62 см што е мерка воспоставена од актуелното лондонско такси.