Лондон е должен да го извести Брисел за промените во социјалното законодавство

Европската комисија ќе ги прегледа новите мерки предложени од британската Влада, за да процени дали одговараат на правото на Европската унија, изјави на прес-конференција Џонатан Тод , портпарол на комесарот за вработување, социјални прашања и приопштувањето, Ласло Андор, пренесуваат локланите медиуми

“Велика Британија, како и другите земји во ЕУ, е должна да ја извести Еврокомисијата, ако презема промени во социјалното законодавство, кои се однесуваат на граѓаните на Заедницата“, истакнал Тод.

„Очекуваме оваа информација да биде добиена денес на состанокот во Вилниус на координаторите за социјални прашања“, прецизира портпаролот.

Според него граѓаните на ЕУ кои одат во Велика Британија за да работат, имаат право на бенефиции за невработеност, исплаќани од нивната татковина, во период од три до шест месеци.

Тод истакнал дека нема апсолутно никакви докази дека граѓаните на ЕУ патуваат до Велика Британија само за да ги користат нејзините бенефиции, ниту дека постои системска и широко распространета злоупотреба од страна на европски граѓани на британската општествен систем.

„Напротив, истражувањата покажуваат дека најголемиот дел од европските граѓани се селат во друга земја од ЕУ, различна од нивната татковина, за да работат и вообичаено им плаќаат повеќе на социјалните и даночните системи, отколку што добиваат од нив“, изјавил Тод.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.