Лондон е град каде возачите најмногу време се „заглавени“ во сообраќајот

Сообраќајниот метеж е најчеста форма на секојдневнието која прави нервоза меѓу возачите. Во едно истражување кое го објави Бизнис Инсајдер, Лондон е град каде возачите најмногу се „заглавени“ во сообраќајот.

Според истражувањето, возачите ширум светот минатата година во сообраќајот минале осум милијарди часови. Последно место, кога се во прашање европските градови, го зазеде Милано, каде возачите просечно годишно во сообраќајот поминуваат 52 часа.

Пред него е Минхен со 53 часа, потоа Москва со 57, Брисел со 70, Келн во Германија со 71, Антверп во Белгија со 71, Штутгарт со 73, а на прво место е Лондон каде возачите годишно во просек поминуваат 101 час.

Што се однесува до американските градови, на врвот убедливо е Лос Анџелес каде возачите годишно поминуваат „заглавени“ 81 час.