Лондон нема да може да ги игнорира легитимните прашања до Москва

Шефот на руската дипломатија Сергеј Ларов повика во четвртокот на „сеопфатна и одговорна истрага“ за труењето на поранешниот руско-британски шпион Сергеј Скрипал, предупредувајќи дека Лондон „нема да може да ги игнорира“ легитимните прашања постаени од Москва во врска со оој случај.

„Нема да биде можно дасе игнорираат легитимите прашања коишто ги поставуваме, како што потврди седницата на OPCW“, изјави во Лавров во четвртокот во говорот во Москва, ден по итниот состонако на Организацијата за забрана на хемиското оружје (OPCW) и неколку часа пред состаникот на Советот за безбедност при ОН за прашањето кое доведе до ескалација на и онака тензичните односи меѓу Западот и Русија.

Четириесет и една земји од западот и нивни сојузнции во OPCW го отфрлија во срдата предлогот Лондон и Москва заедно да спроведат истрага за труењето на Сергеј Сркипал и неговата ќерка. Според досега практика во вакви случаи, примероци од агенсот треба да добие и земјата која е обвинета за негова примена, но Велика Британија го игнорираше ваквото барање од Русија.

„Долго време немаме видено вакво игнорирање на дипломатската етика, на меѓународното право. Сакам да истакнам дека ќе продолжиме да реагираме на соодветен начин на непријателските напад, но и дека сакаме да ја утврдиме вистината“, порача Лавров.

„Уште една ги повикуваме нашите колеги чесно да ги согледаат проблемите во меѓународното право. Подготвени сме на соработка, како што повторно вчера рече претседателот Владимир Путина“, заклучи шефот на руската дипломатија.

Министерството за надворешни работи на Русија објави во саботата список со 14 прашања коишто руската амбасада го испратило до британската дипломатија во врска со „фабрикуваниот против Москва случај Скрипал“, односно нападот со нервен агенс врз поранешниот двоен руско-британски шпион и неговата ќерка во јужна Англија, а десет прашања за истиот случај ѝ се поставени и на Франција.

Особено, Русија бара појаснување зошто ѝ е одбиено правото за конзуларен пристап до двајцата руски државјани, 66-годишниот Сергеј Скрипал и неговата 33-годишна ќерка Јулија, кои настрадале на британска територија. Покрај тоа, Москва ги поставува прашањето и какви антидоти во каква форма им се даден на затруените, и особено како тие противотрови се нашле кај англиските лекари на самото место на инцидентот.

Русија, исто така, се интересира, врз основа на кои маркери се наведува наводното „руско потекло“ на супстанцијата којашто е користена во Солсбери и дали Велика Британија поседува контролни примероци од боевиот нервен агенс кој Лондон го нарекува „новичок“. Покрај тоа, руската страна очекува одговор на прашањето дали примероци од оваа супстанција или нејзини аналози се развивани во Британија.

Во објавата на руското министерство за надворешни работи се додава и дека за Москва е неопходно да биде запознаена на која основа за соработка во инцидентот во кој настрадани се руски државјани е вклучена Франција, и на кој начин француската страна учествува во случајот, како и дали Лондон за ваквата одлука ја известила Организацијата за забрана на хемиското оружје (OPCW).

Притоа, руската амбасада во Лондон во дописот ги изразува уверувањето дека „со доаѓањето на новите информации ќе се јават и нови прашања“.

Руската дипломатија, исто така, упатила нота во врска со „случајот Скрипал“ и до министерството за надворешни работи на Франција.

Руската страна, меѓу другото, бара одговори од Париз за тоа врз која основа француската страна е вклучена во истрагата во Велика Британија и дали испратила официјална информација до OPCW за тоа.

Москва, исто така, бара да се објави какви докази во врска со овој случај Лондон му предал на Париз, и дали француските експерти присуствувале на земање биоматеријали од семејството Скрипал и дали се изведен истраги на материјалите во Франција.

Покрај тоа, Русија бара да са појасни дали Франција има контролни примероци од споменатата супстанција која во Британија е наречена „новичок“, наводно развиван пред повеќе од три децении од советската армија, или од нејзини аналози, како и дали супстанции од овој тип биле развивани во Франција.

Москва очекува одговор и на прашањето врз основа на кои знаци француските експерти заклучиле дека станува збор за употреба токму на оваа супстанција.

Руската дипломатија сака да знае со какви стручни знаења од областа на боевите хемиски агенси од овој тип или слични супстанци располага Франција и „на основа на кои докази“ француските специјалисти го утврдиле „рускиот карактер“ на потеклото на супстанција употребена во нападот врз Скрипал.