Лондон објави „план Б“ за ирската граница

Британската влада во четвртокот објави „план Б“ за ирската граница откако Обединетото Кралство на крајот од март 2019 година ќе истапи од Европската унија кој предвидува усогласување со царинските прописи ЕУ, но само до крајот на 2021 година.

Објавувањето на планот дојде во моментите додека владеат тензии во самата влада за тоа прашање, бидејќи поборниците на Брегзитот без отстапки ставуваат дека таквото решени би можело да се продолжи во недоглед и така излегувањето на ЕУ да остане без смисла.

Во „техничката забелешка“ која е објавена во четвртокот и којашто се чини како одговор на нивната загриженост, се истакнува дека таканареченото „бекстоп“ решение мора да биде „временски ограничено“ додека не се постигнат спогодбите со ЕУ за коишто Лондон се надева дека ќе стапат на сила до крајот на 2021 година.

Тоа е една година по истекот на преодниот рок, декември 2020 година, за кој во Лондон се договори во преговорите за да ги ублажи економските последици од Брегзитот. Меѓутоа, „бекстоп“ ќе се применува само доколку не се пронајде никакво друго решение за во Ирска повторно да не се воведе физичка граница.

Главниот преговарач на ЕУ за Брегзитот, Мишел Барние, ја пофали на Twitter објавувањето на овој предлог, додавајќи дека треба да се проучи, за да, меѓу другото, да се провери дали почитува „целост“ на единствениот пазар и царинската унија. Ирскиот министер за надворешни работи Сајмон Ковенеј изјави во соопштение дека неговата влада ќе го проучи британскиот предлог. Меѓутоа, Ги Ферховстад, координатор на Европскиот парламент за Брегзитот, истакна дека тој е не е доволен. „Привремениот бекстоп не е бекстоп, освен доколку не е идентичен со конечниот договор“, напиша на Twitter.

Ирското прашање е едно од најтешките во преговорите за Брегзитот поради стравот од повторното воведување на физичка граница меѓу северниот дел од островот кој е во составот на Велика Британија и кој ќе ја напушти ЕУ и јужниот, Република Ирска, којашто ќе остане нејзин дел.

Конзервативната влада на премиерка Терезе Меј изнесе уште две можности. Првата е таканареченото „максимално олеснување“, технолошкото решение коешто би требало да овозможи да тргувањето со ЕУ да оди мазно, но би вклучила инфраструктура на границата. Втората би добила, пак, форма на царински договор.

Според зборовите на проевропски конзервативен пратеник кој сакал да остане анонимен, содржината на забелешката објавена во четвртокот претставува „компромис“ за да се спречи оставката на евроскептичниот министер за Брегзит, Дејвид Декјвис“, за која овие денови шпекулациите се сѐ погласни.

Освен ирското прашање, британската влада треба да објави и ткн „бела книга“ за „плановите“ по Брегзитот, а на 28-ми и 29-ти јуни во Брисел се одржува по европскиот самит.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.