Лондон се уште не му ја обновил визата на Абрамович

Велика Британија се уште не му ја обновила визата на рускиот милијардер, Роман Абрамович, откако истата му истекла во април, принудувајќи го сопственикот на фудбалскиот клуб „Челзи“ да се врати во Русија.

Според „Индепендент“, неговото барање за виза не е одбиено од страна на матичната канцеларија, но британските власти се невообичаено бавни во врска со текот на процесот и допрва треба да понудат објаснување за доцнењето, наведува весникот.

Министерот за безбедност, Бен Валас, рече дека Министерството за внатрешни работи не дава рутински коментари за поединечни случаи, а и портпаролот на Абрамович, исто така, одби да коментира.

Абрамович беше отсутен од сослушувањето во Лондонскиот Врховен суд оваа недела, на која рускиот тајкун Олег Дерипаска ја оспоруваше продажбата на удел во рударскиот гигант „Норилски никел“ од Абрамович на рускиот милијардер Владимир Потанин. Од Судот во Лондон изјавиле дека сопственикот на „Челзи“ не се појавил во судот бидејќи е во Швајцарија.

Абрамович е 11-тиот најбогат човек во Русија со богатство од 10,8 милијарди долари или 11 милијарди фунти, според проценките на магазинот Форбс. Русот го направи своето богатство претежно во нафтената индустрија во годините по распадот на Советскиот Сојуз.

Богатите Руси одамна го фаворизирале Лондон како место каде што живеат или прават бизнис. Сепак, односите меѓу Велика Британија и Русија се заострија откако Лондон ја обвини Москва дека го отрула поранешниот двоен агент Сергеј Скрипал во Велика Британија во март. Русија негираше каква било вмешаност во труење и се одмазди во натура. Обвинението, кое ги поттикна државите ширум светот и Британија да протераат голем број руски дипломати, беше проследено со неколку изјави од британската страна кои укажуваа на тоа дека режимот за руските тајкуни во Лондон би можел да се заостри.

Велика Британија соопшти во март дека ретроспективно ќе ги разгледа визите издадени на богатите странски инвеститори, вклучувајќи ги и Русите, за да разгледаат дали треба да се преземе некаква акција во врска со тоа.
Околу 700 Руси дојдоа во Велика Британија помеѓу 2008 и 2015 година со привилегирани, т.н. „Tier 1 visи“.