Лондон со финансиска помош за Украина

Велика Британија, заедно со други западни земји, е подготвена да го финансира давањето помош за Украина, пренесе „ИТАР-ТАСС“.

Ова го истакнал британскиот министер за финансии Џорџ Озборн, кој сепак не е го споменал износот што земјите се подготвени да го одвојат.

„Најважно во моментов е да се обнови политичката стабилност и редот во Киев и другите градови“, рекол уште Озборн на седницата на министрите за финансии од Г-20 во Сиднеј.