Лондонска компанија признава боледување ден по пијанка

Лондонска компанија од музичката индустрија им нуди на своите вработени да земат ден боледување по пијанка за да се справат со мамурлакот и да бидат повторно способни за работа.

„Нашите вработени повеќе не мораат да измислуваат дека ги фатил некој ‘гаден вирус во 24 часа’ ниту да го менуваат гласот за да фингираат засипнатост преку телефон. Доволно е на шефот да му кажат што навистина се случило“, наведуваат од „Dice“, компанија специјализирана за продажба на влезници за концерти преки паметни телефони.

На сите има се случува „да се скршат во обилно залиена“ ноќ па отсега е доволно да му испратат на шефот емотикон „пиво“, „болен“ или „музика“ и нему ќе му стане јасно што се случило.

Компанијата сака да ги поттикне своите вработени целосно да уживаат во лондонската музичка сцена за подобро да ја работат својата работа.

„На целокупниот наш тим музиката му е во крвта и некои од најголемите музички договори се потпишани токму по концерти“, појаснува Фил Хатчеон, основач и сопственик на компанијата.

Вработените ќе имаат прави четири дена во текот на годината да земја боледување поради трезнење.