Лондонски клуб на џентлмени ја прими првата жена – трансродово лице

Познат по својата голема селективноста на членовите, лондонски клуб на џентлмени одлучи ја прими првата жена, овозможувајќи му на маж кој го променил полот да стане негов редовен челн, објави весникот The Daily Telegraph.

Управниот одбор се согласил дека мажот во триесеттите години, оженет и татко на две малолетни деца, може да остане член откако го завршил процесот на промена на полот, изјавил за весникот Џери Хејес, поранешен пратеник во парламентот и член на „Savile Club“.

„Како жена тој не би смеел да биде член, но бидејќи во клубот влегол како маж, би било неправедно овој страшно симпатичен човек да биде исклучен само затоа што станал жена“, појаснува Хејес.

Додава дека клубот, сепак, нема да ги менува своите прописи, па и натаму ќе остане затворен за жените.

Клубот се наоѓа во престижниот кварт Мајфер, а го основале во 1868 година група тогашни уметници, меѓу кои се и писателите Радјард Киплинг, Херберт Џорџ Велс, Ивлин Денес негов истакнат член е мајсторот на шпионските и криминалистички романи, Џон Ле Каре.