Лондонското дерби Тотенхем – Вест Хем одложено од безбедносни причини

Натпреварот од Премиер лигата меѓу лондонските екипи Тотенхем и Вест Хем е одложен за 4 јануари поради безбедносни причини.

Дуелот првично беше закажан за 31 декември во 15 часот и 15 минути, но е одложен по препорака од локалните власти кои велат дека најмногу 43 илјади гледачи можат да бидат примени на „Вембли“ што е половина од капацитетот на стадионот.

Главната причина за препораката е  проблемот со јавниот транспорт и метрото, кое се очекува да биде преоптоварено во пресрет на новогодишната ноќ. 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.