Лопез: Никогаш не ја сакав Ели

Познатиот актер Марио Лопез во своите мемоари откри не толку убава тајна врзана со неговиот претходен брак.

Иако некои работи би требало да останат помеѓу поранешните сопружници, Марио со целиот свет сакаше да сподели дека никогаш не ја сакал неговата поранешна сопруга Ели Лендри.

Всушност, во своите мемоари, “Само меѓу нас”, Марио откри дека тој никогаш не бил вљубен во неговата поранешна сопруга, моделот Ели.

„Никогаш не сакав да дефинирам одредени врски кои сум ги имал во животот, а особено односот кој го создадов со мојата прва сопруга. Во еден момент како да ме удри гром на вистината и потоа сфатив дека не ја сакам. Тоа не беше љубов, но јас сепак отидов пред олтар”, пишува Лопез.

Актерот е сега среќно оженет со неговата сопруга Кортни Мез и тие имаат две деца.