ТОП,Македонија

Лордот Каланан: Британија ја поддржува Македонија

Лордот Каланан: Британија ја поддржува Македонија

-Можностите за соработката се високи и одлични. Го респектираме правото на Македонија да влезе во ЕУ и НАТО. Се надевам дека ќе соработуваме во таа организација. Импресиониран сум од економските реформи кои ги спроведувате и економскиот прогрес кој го постигнувате. Во поглед на мигрантската криза ја почитуваме вашата одлука да ја затворите границата во поглед на мигрантите и се радувам што сте на вистинската страна на Европа, наместо да бидете центарот на проблемот. Конечното решение треба да се бара во решавањето на проблемот во Сирија, но ние исклучително ја цениме вашата досегашна помош, истакна Каланан.