Лорен Блан: Добро е што не ни падна Арсенал или Милан

Тренерот на актуелниот шампион на Франција, ПСЖ, Лорен Блан, призна дека е среќен што за противник во 1/8 финалната рунда од Лигата на шампиони, го нема добиено лондонскиот премиерлигаш Арсенал или италијанскиот калчо гигант Милан.

Популарните “светци” за противник го добија германскиот бундеслигаш Баер од Леверкузен.

“Не мислам дека двата дуела против Баер нема да бидат сватени не сериозно. За среќа, ги избгнавме најтешките противници од вториот шешир. За среќа нема да играме против Арсенал или Милан. Сепак ние треба да се подготвиме што е можно подобро за двата натпревара од 1/8 финалната рунда. Има доволно време, мислам дека добро ќе го анализирам следниот противник. Го гледав нивниот натпревар против Манчестер Јунајтед, но убедливиот пораз од 5:0 не може да послужи како слика за квалитетот на Баер”, изјави Блан.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.