Лос Анџелес Клиперс доби нов сопственик

Поранешниот главен менаџер на „Микрософт“, Стив Балмер, најверојатно ќе биде новиор сопственик на НБА – тимот, Лос Анџелес Клиперс. Тој понуди о богатство за откупување на франшизата од Доналд Стерлинг, човекот кој доби суспензија поради расистички коментари. Балмер понуди фантастични две милијарди американски долари, а Шели Стерлинг, сопругата на Доналд, на која тој го префрли клубот по суспензијата, се сложи да изврши продажба.

Клиперс во моментно се проценети на 575 милиони американски долари, но Стив Балмер не сакаше повторно да ризикува, откако претходно „извиси“ со купувањето на Сакраменто кингс. Тој понуди 2 милијарди евра, што секако е неверојатна сума, ако се знае дека во Северна Америка за повеќе пари (2,15 милијарди долари) продаден е само бејзбол клубот, ЛА Доџерс.

За конечно да се реализира продажбата на ЛА Клиперс, дозвола треба да даде НБА-лигата.