Спорт

Лош ден за Швајцарија во Монте Карло

Лош ден за Швајцарија во Монте Карло

По елиминацијата која утринава ја доживеа сега веќе “стариот владетел” на Монте Карло, Станислас Вавринка кој загуби од Григор Димитров, сега и Рожер Федерер е елиминиран од турнирот.

Домашниот тенисер Гаел Монфилс славеше против вториот рекет во светот со 2:0 (6:4, 7:6), па сега во 1/4 финалето ќе игра токму против Бугаринот Димитров, кој изненадувчки лесно се справи со минатогодишниот освојувач на овој турнир, Вавринка и тоа со 2:0 (6:1, 6:2).

Милош Раониќ забележа триумф во дуелот со Томи Робредо, победувајќи го со 2:1 (6:3, 3:6, 6:3). Негов противник ќе биде подобриот од мечот Томаш Бердих – Роберто Баутиста.

Денес на програмата се и мечевите Рафаел Надал – Џон Иснер, Жо Вилфред Цонга – Марин Чилиќ, Новак Ѓоковиќ – Андреас Хаидер Маурер и Жил Симон – Давид Ферер.