Магазин

Лошиот градник е причина за голем број здравствени проблеми

Лошиот градник е причина за голем број здравствени проблеми

Освен болка во грбот, лошиот градник може да има и посериозни последици, како што се главоболки и проблеми со варењето.

Наместо да го олесни животот, градникот може дополнително да го отежни доколку се работи за погрешен модел и големина. Според најновите истражувања, причина за лошото варење на храната или за зачестените главоболки би можел да биде токму лошиот градник.

Доколку градникот е премногу стегнат, тој создава притисок врз нервите, мускулите и вените околу рамињата, на горниот дел од грбот, ребрата, што доведува до болки, главоболки, па дури и до трнење на некои делови од телото или рацете.

Ниту преголемиот градник не е добар. Градникот што не ги држи добро градите може да доведе до подгрбавеност, а жените со поголеми гради би можеле да имаат проблеми со дишењето.