Лошите вести од Кина ја намалија цената на нафтата

Цените на нафтата денеска се намалија, по лошите трговски вести од Кина, иако загубите се ублажени благодарение на оптимизмот во врска со домашната побарувачка во САД и сомнежите околу извозот на нафта од Либија, наведуваат аналитичарите.

Еден барел „лесна“ нафта за испорака во мај на трговската берза во мај поевтини за 27 центи на 103,33 долари за барел, додека истата количина северноморска нафта од типот „брент“ за испорака во мај на пазарот во Лондон чинела 107,58 долари, односно поевтино за 40 центи.

Официјалните податоци покажуваат дека увозот во Кина во март паднал за 11,3 отсто на годишно ниво на 162,4 милијарди долари, а увозот 6,6 отсто на 170,1 милијарди, со што е остварен трговски суфицит од 7,7 милијарди долари.