Лошото време предизвика проблеми на границата меѓу Романија и Украина

Лошото време предизвика сериозни проблеми на границата меѓу Романија и Украина, пренесуваат украинските медиуми.

Голем број патишта и населени места во Романија беа блокирани поради обилните снежни врнежи, силните ветрови и појавата на големи наноси. Покрај тоа, повеќето патишта во јужните и источните региони на земјата, вклучувајќи и некои делови на главниот европски автопат E-85 „Сирет – Букурешт“, функционираат со значителни ограничувања.

Уште пред неколку дена Министерството за надворешни работи на Украина апелираше до граѓаните да се воздржат од патувања кон Романија, додека не се нормализира ситуацијата.