Лошиот однос со мајката влијае на машката ерекција

Ако некогаш вашиот партнер имал проблеми со ерекција, неговата мајка е еден од виновниците за тоа. Мажите кои немале најдобар однос со нивната мајка во текот на детството имаат и поголема веројатност да патат од проблеми со ерекција, открива едно од последните истражувања објавени во „Journal of Sexual Medicine“.

Уште едно од низата истражувања е спроведено на Универзитетот Чарлс во Прага на 960 мажи. Тие биле замолени да откријат кога за прв пат се заљубиле и каков бил нивниот однос со мајка им додека растеле.

porodica-1418644809-52457

Мажите биле испитани и за различните проблеми со својата „гордост“, како што е на пример прераната ејакулација, како и типичното траење на нивниот сексуален однос.

svada-1408547707-44768

Истражувачите ги интересирало кои психолошки фактори можат да влијаат на проблемите со ерекцијата. Резултатите го покажале следното: лошиот однос со мајката и првото вистинско заљубување во постара доба се поврзани со зачестена сексуална дисфункција. Мажите кои откриле дека никогаш не се заљубиле, имаат уште поголеми шанси за истото сценарио, па за нив многу е веројатно дека сексуалниот однос им трае во просек една минута.