Минатиот викенд Лотар Матеус имал двојна причина за славање. Имено, поранешниот германски репрезентативец се оженил по петти пат, со својата, овој пат избраничка Анастасија Климко и направил кршетевка за својот син Милан.
„Прославата траеше три дена, од петок до недела. Матеус за таа цел закупи замок во унгарскиот комплекс во барок во Словачка. Во склоп на замокот имаше и православна црква, во која фудбалерот и неговата избраничка го крстија својот син Милан. Кум на двете церемонии бил Марко Вјетровиќ“, вели еден добро информиран извор и додава дека парот склучил само граѓански брак.
Кумот не го криел своето воодушевување.
„Голема е честа што Лотар ме повика да бидам негов кум и на венчавката, но и на крштевањето. Тоа е голема одговорност кон ;Милан, но и привилегија. Крштевката се одвиваше според православните обичаи, а малиот Милан не заплака ни во еден миг“, вели Вјетровиќ.
Колку за потсетување, за Лотар ова е петти брак. Меѓу останатите негови сопруги, тој бил во брак и со модната дизајнерка Мирјана Матеус.