Лотарија на Македонија ќе ви ги разубави празниците со „Празнична среќна бајка“

Новогодишна магија со Лотарија на Македонија.

Од недела 150-ти декември, се’ до 31-ви декември, на Плоштад Македонија во Скопје, Државна лотарија на Македонија ќе организира  ПРАЗНИЧНА СРЕЌНА БАЈКА. На специјално уреден простор на Плошад Македонија граѓаните ќе имаат можност да добијат информации за наградната игра Фискална во рака – награда без мака и во наменските кутии да ги остават своите коверти за учество во наградната игра.

Воедно сите љубители на игрите на среќа преку понудата на мобилната промотивна продажба ќе можат да учествуваат и во игрите Бинго Бум и Инстант лотарија.

Можеби токму Празничната среќна бајка ќе биде среќното место каде многу наши играчи ќе освојат вредна добивка од богатата лепеза на инстант лозови, или пак среќно место за освојување на премијата Бинго Бум.

Со оглед на интересот за учество во наградната игра, веруваме дека со овој настан ќе излеземе во пресрет на граѓаните на Скопје и другите градови, кои на својата празнична прошетка низ украсениот центар на главниот град ќе можат да ги добијат сите информации за наградната игра и да ги остават своите коверти за учество во првото коло чие извлекување ќе се одржи на 30ти декември, а за кога се резервирани наградите: еден стан, еден дуќан, еден автомобил и триесет вредносни ваучери.

Со учество во игрите на среќа кои ќе бидат понудени од мобилната продажба за време на настанот Празнична среќна бајка, играчите на игрите на среќа ќе имаат можност да освојат еден од 10-те автомобили Голф 7 кои ги нуди инстант лозот 7-ма Брзина, еден од 40-те автомобили Рено Твинго со инстант лозот Твингоманија, еден од 20-те автомобили Поло со инстант лозот Среќни тркала, еден од 35-те скутери од гамата на Пијаџо што ги нуди инстант лозот Смајли, или пак вредна парична добивка од изборот на  Експрес лозот со премија до 300.000 денари, инстант лозот Детелинка со премии од 500.000 денари, Среќни коцки со 5 премии од 1.000.000 денари или најновиот празничен лоз Подарок кој за празничниот период може да изненади со една од 30-те добивки од по 1.000 евра.

Со Празничната среќна бајка покрај забавата и  дружењето со водителите на ТВ емисиите на Државна лотарија на Македонија, ќе се направи подостапно учеството во игрите на среќа и наградната игра Фискална во рака награда без мака.