Ловџија пукал кон дивеч, а погодил човек

Kривична пријава против 52 – годишниот Д.М. поднесе крушевската полиција поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешки дела против општата сигурност“ во врска со „предизвикување општа опасност“.

На 06.01.2016 година, пријавениот додека бил на лов со Д.Д., З.Б. и П.С.,  испукал еден истрел кон дивеч, но поради лошите временски услови не го забележал и во пределот на нозете го погодил П.С., нанесувајќи му тешки телесни повреди.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.