Спорт

Ловрен е најскапиот дефанзивец во клупската историја на Ливерпул

Ловрен е најскапиот дефанзивец во клупската историја на Ливерпул

Репрезентативецот на Хрватска, Дејан Ловрен и официјално е претставен како најнова милионска аквизиција на вицешампионот на Англија, тимот на Ливерпул.

Поранешниот дефанизвец на Саутемптон пристигна на “Енфилд” откако двата клуба најпосле најдоа заедничко решение околу обештетувањето од 24 мил. евра, а со реализацијата на најавениот трансфер, Ловрен стана најскапо купен дефанзивец во клупската историја на Ливерпул.
“Звучи неверојатно, но јас најпосле го исполни големиот сон. Среќен сум што сум дел од еден толку голем клуб. Горд сум на трансферот во редовите на Ливерпул. Со нетрпение го очекувам стартот на новата сезона. Знам дека Ливерпул има најмногу фанови во целиот свет. Со нетрпение го очекувам дебито на “Енфилд”. Сакам заедно со најверните фанови да ја испеам клупска химна”, изјави централниот дефанзивец.