Ловрен: Не бевме сконцентрирани во прекините

Видно разочаран поради срамната елиминација, централниот дефанзивец на Хрватска, Дејан Ловрен, по натпреварот против Мексико изјави дека вината за поразот може да се побара во падот на концентрацијата при прекините во второто полувреме.

“Не можам да кажам што е причината за тешкиот пораз. Не бевме сконцентрирани во прекините, примивме евтини погодици. Игравме многу добро во првото полувреме. Средината на теренот на дршевме под контрола. Исто беше и во првите 15 минути од вториот дел. После тоа ни падна концентрацијата а голот предоцна го дадовме”, изјави централниот дефанзивец на англискиот премиерлигаш Саутемптон.