Лозот Хороскоп донесе добивка од 30 илјади денари

Во месец октомври Експрес лозот Хороскоп ја донесе најновата добивка. Станка Давитковска од Крива Паланка освои 30 илјади денари.

Станка купила дури 17 Експрес лоза, од кои дури последната била добитната. Ова е нејзина прва добивка на која пособено се радува.

Само за потсетување најновиот Експрес лоз на Државна лотарија на Македонија, под името Хороскоп беше пуштен во продажба на 5 јуни.

Под мотото „Отвори и види што носи твојот хороскопски знак денес“, Државна лотарија на Македонија со оваа игра на среќа, внесува интересна забава за љубителите на Експрес лотаријата и астрологијата.

Со Експрес лозот Хороскоп на Државна лотарија на Македонија имате супер шанса за експресни добивки од 20 до 30.000 денари, со влог од 20 денари.