ЛП ја претстави изборната програма

Либералната партија синоќа во Скопје ја претстави изборната програма „Либералната доктрина за консолидирана Македонија“, што се одржа во хотелот „Континентал“ во Скопје.

На претставувањето се обратија претседателот на партијата Ивон Величковски, носител на листата на Либералната партија во Изборната единица 1 и потпретседателот Кире Бузлиев, носител на листата на Либералната партија во изборната единица 2.

Претседателот на партијата притоа истакна дека ќе ја бранат секуларноста, западната ориентација на земјата, владеењето на правото и претприемништвото. Побара Рамковниот договор да не се злоупотребува во изборната кампања.

 Пржинската четворка намерно уфрли дефокусирачки теми. Жалам што тоа го направи прво најголемата опозициска партија. Го уфрлија национализмот и додворувањето кон гласачите по основа на етнички кампуси. Е па на пржинската четворка и одговараме директно: Не ви влегуваме во замката: Рамковниот договор и номиналната унитарност не смее да се доведени во прашање, а употребата на јазиците, како и сите прашања на заедниците трпат штета од неприменувањето на законите. Затоа, велиме – и додека се тепавте кој да влезе во влада и за тендери – и сега – имате само за цел да го распалите оганот на емоциите за да ја затскриете пљачката на граѓаните и буџетот. Сакате уште подиректен одговор? Нема пари – нема мир, рече тој.

Најави поддршка за СЈО, бидејќи, смета принципот на неказнивост на политичарите мора да биде променет.

Величковски смета дека целосно треба да се укине забрана за пушење во локали и за продажба на алкохол по 19 часот. Најави воведување на втор столб во здравството, намалување на државниот буџет за 500 милиони евра во еден мандат, воведување „администрација на отворени извори“ преку јавно приватно партнерство, задолжително да биде само основното образование да биде задолжително, укинување на т.н. дисперзирани студии и вишок државни универзитети, но максимално залагање за остварување на евроатланските интеграции. .

Бузлиев истакна дека Либералната партија се залага не за замена, туку за промена… – Тоа ви е како на паричка од еден денар – имате аверс и реверс: тоа се ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Ние се залагаме не само за замена, туку за промена, односно за зголемување на вредноста – денарчето да биде барем два или пет денари, а не биде промена само на едната и другата страна, истакна Бузлиев.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.