ЛШ: Манчестер Сити убедлив, реми во Торино

Фудбалерите на Манчестер Сити во првиот дуел од осминафиналето на гостувањето го декласираа Базел со 4:0, додека Јувентус и Тотенхем во Торино одиграа без победник 2:2. Реванш натпреварите ќе се играат на 7-ми март, и двата на Островот.

Италијанскиот шампион одлчно го почна дуелот и веќе по девет минути игра водеше со 2:0, а двата гола ги постигна Аргентинецот Гонзало Игуаин. Првиот во втората моинута по одличната асистенција на Миралем Пјаниќ од слободен удар, а вториот од пенал во деветтата минута. Тоа беше голем шок за англискиот претставник во Лигата на шампионите, но Тотенхем по катасрофалните први 20 минути сепак „влез“ во мечот. Англичаните можеа да намалат во 26 минута, но Хери Кејн од непосредна близина со глава шутираше во Џиџи Буфон. Најдобриот играч на Тотенхем се поправи во 35 минута откако доби одлично додавање од Деле Али, го заобиколи Буфон и ја погоди мрежата. Ова беше 33-ти гол за Кејн во сите натпреварувања, но воедно и прв кој го прими Јувентус во последните 17 мечеви во сите натпреварувања. Гостите изедначија во 71 минута кога Кристијан Ерискен одлично погоди од слободен удар од 20 метри.

Во вториот натпревар немаше неизвестно, и Манчестер Сити сите дилеми околу патникот во четвртфиналето ги реши во првот меч. Два гола за водечкиот тим во англискиот шампионат постигна германскиот репрезентативец Илкај Гундоган, во 14 и 53 минута, а по еден Португалецот Бернардо Силва во 18 и Аргентинецот Серхио кун Агуеро во 23 минута. Гостите речиси со хируршка прецизност ја користеа секоја пукнатина во одбранта на Бразил, кој се обиде активно да се брани и да се заканува со контранапади. Меѓутоа, дури и кога ќе им успееше да организираат противнапад, во реализацијата немаа доволно смиреност, за разлика од гостите.

Во средата силите ќе ги одмерат Реал Мадрид и ПСЖ, како и Порто и Ливерпул. Останатите осумфинални дуели се закажани за следната седмица. Во вторник, 20-ти февруари, ќе играат Баерн Минхен – Бешикташ и Челзи – Барселона, а еден ден по нив Шахтар – Рома и Севиља – Манчестер Јунајтед.