ЛШ: Ливерпул се збогуваше со Лигата на шампионите, Јувентус рутински до осминафинале

По нерешениот резултат на „Енфилд“, кој за Ливерпул е еднаков на пораз, „црвените“ напролет ќе мора да се задоволат со натпреварите од Лигата на Европа, додека шампионот на Швајцарија, Базел заслужено ќе ги продолжи натпреварите во ЛШ и заедно со првопласираниот Реал Мадрид, кој го совлада Лудогорец со 4:0 ќе ги чекаат своите противници во осминафиналето.

Инаку гостите од Швајцарија дојдоа во водство во 25-та минута преку Фреи, а израмни капитенот на Ливерпул, Стивен Џерард со прекрасен гол од слободен удар. Сепак, Ливерпул до крајот на мечот не можеше да стори ништо повеќе, особено што домашните играа и со играч помалку поради исклучувањето на Марковиќ.

Во останатите групи вреди да се издвои и нерешениот резултат на дуелот помеѓу Јувентус и Атлетико Мадрид, со кој „старата дама“, заедно со шампионот на Шпанија се пласираа помеѓу шеснаесетте најдобри, како и победата на Монако против Зенит од 2:0, која на французите им обезбеди презимување во ЛШ. Интересно е тоа што иако Монако постигна само четири погодоци на шест натпревари, сепак го освои првото место во групата, пред тимот на Баер Леверкузен.

ГРУПА А

Јувентус – Атлетико Мадрид 0-0

Олимпијакос – Малме 4-2

ТАБЕЛА: Атлетико М. 13 бода, Јувентус 10, Олимпијакос 9, Малме 3 бода.

ГРУПА Б

Ливерпул – Базел 1-1

Реал Мадрид – Лудогорец 4-0

ТАБЕЛА: Реал Мадрид 18 бода, Базел 7, Ливерпул 5, Лудогорец 4 бода.

ГРУПА Ц

Монако – Зенит 2-0

Бенфика – Баер Л. 0-0

ТАБЕЛA: Монако 11 бода, Баер Л. 10, Зенит 8, Бенфика 5 бода.

ГРУПА Д

Галатасарај – Арсенал 1-4

Борусија Д. – Андерлехт 1-1

ТАБЕЛА: Борусија Д. 13 бода, Арсенал 13, Андерлехт 6, Галатасарај 1 бод.