ЛШ: Монако со огромна предност се враќа од Лондон, Баер со минимална ќе патува во Мадрид

Екипата на Монако славеше на првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите против Арсенал во Лондон со 1:3.

Францускиот тим одигра тактички одлично и стигна до голема предност пред реваншот на домашен терен, која се чини дека е недостижна за Арсенал.

Трагичар на мечот дефинитивно е напаѓачот на “Топџиите” Оливие Жиру кој пропушти најмалку четири чисти шанси за погодок.

Кондoгбија им донесе предност на гостите на средината на првиот дел од играта со шут од дистанца. Во продолжението од мечот фудбалерите на Арсенал промашуваа шанси, а Монако тоа сурово го казнуваше.

Нов шок за фановите на англискиот тим им приреди Бербатов на почетокот на вториот дел кој по грешката на Санчез и брзата контра погоди за 2:0.

Арсенал продолжи со нападите, а во првата минута од судиското продолжение гол за надеж постигна резервистот Чемберлен кој постигна прекрасен погодок.

Ново разочарување за Арсенал во самиот финиш од мечот донесе Караско кој погоди за 3:1 по една брза контра.

Баер Леверкузен на реваншот во Мадрид ќе патува со предност од 1:0 обезбедена на првиот меч од осминафиналето против Атлетико.

“Фармацевтите” беа подобар противник во текот на поголемиот дел од мечот, а победничкиот гол го постигна Калханоглу во 57-та минута.

До крајот на натпреварот бундеслигашот можеше да стигне и до поубедлив триумф, но не успеа да ги реализира неколкуте одлични шанси.

Лига на шампиони, осминафинале (први мечеви)

Среда:

Арсенал – Монако 1:3

Баер Леверкузен – Атлетико Мадрид 1:0

Вторник:

Јувентус – Борусија Дортмунд 2:1

Манчестер Сити – Барселона 1:2