Реал Мадрид е првиот тим кој успеа да слави во вториот дел од Лигата на шампионите, откако синоќа на гостувањето во Гелзенкирхен го совлада тимот на Шалке.
Победата за “кралевите” ја донесоа Кристијано Роналдо и Марсело со погодоците во 26-та, односно 79-та минута.
Тимот на Роберто Ди Матео ќе има ѓаволски тешка задача да ја надополни оваа негатива од два гола и тоа на “Сантијаго Бернабеу”.
На вториот меч Базел и Порто ремизираа играјќи 1:1. Први поведоа домаќините преку Гонзалес по само 11 минути игра. Португалскиот тим остана непоразен на овој меч и стигна до поволен резултат со голот на Данило во 79-тата минута од пенал.
Лига на шампиони, 1/8 финале
Вторник:
ПСЖ – Челзи 1:1
/Кавани 54’ – Ивановиќ 36’/
Шахтјор – Баерн Минхен 0:0
Среда:
Шалке – Реал Мадрид 0:2
/Роналдо 26’, Марселона 79’/
Базел – Порто 1:1
/Гонзалес 11’ – Данило 79’ (п)/
Вторник (24.февруари)
Манчестер Сити – Барселона
Јувентус – Борусија Дортмунд
Среда (25.февруари)
Арсенал – Монако
Баер Леверкузен – Атлетико Мадрид