ЛШ: Сити мора да слави против Баерн за да ги задржи надежите за презимување во ЛШ

Доколку сака да си ги продолжи надежите за пласман во следната рунда, тимот на Манчестер Сити мора да го победи супермоќниот Баерн Минхен кој е неприкосновен во групата Е.

“Граѓаните” по четири кола имаат само 2 бода и се наоѓаат на последното место во групата. Во другиот меч од оваа група ќе се сретнат ЦСКА Москва и Рома, каде доколку “римјаните” успеат да слават, а Баерн го “преживее” гостувањето во Англија, Рома ќе биде вториот тим од оваа група кој ќе презими во Лигата на шампионите.

Во групата Г каде настапува Марибор на нашиот Агим Ибраими, ќе му гостува на Спортинг во Лисабон, а со победа значително ќе си ги зголемат шансите за пласман во следната рунда од натпреварувањето. Ибраими, кој одреден период беше надвор од терените поради пневмонија, се очекува да го започне натпреварот од првата минута.

На другиот натпревар од оваа група во Гелзенкирхен ќе играат Шалке и Челзи, дуел кој исто така може да разјасни многу работи во пресрет на последното коло.

Група Е:
ЦСКА Москва-Рома
Манчестер Сити-Баерн Минхен
Табела: Баерн 12, Рома 4, ЦСКА 4, Ман.Сити 2

Група Ф:
АПОЕЛ-Барселона
ПСЖ-Ајакс
Табела: ПСЖ 10, Барселона 9, Ајакс 2, АПОЕЛ 1

Група Г:
Шалке-Челзи
Спортинг Лисабон-Марибор
Табела: Челзи 8, Шалке 5, Спортинг 5, Марибор 3

Група Х:
БАТЕ Борисов-Порот
Шахтјор-Атлетик Билбао
Табела: Порто 10, Шахтјор 8, БАТЕ 3, Атлетик 1.