Спорт

Луадруп доби клоца, Монк нов менаџер на Свонси

Луадруп доби клоца, Монк нов менаџер на Свонси

Претседателот на англискиот премиерлигаш Свонси, Ху Џенкинс, ја потврди пласираната информација од англиските медиуми дека клубот порано од предвиденото ја има прекинато соработката со искусниот дански стручњак, Михаел Лаудруп.

“Моравме да донесеме таква одлука. Ваквата одлука е за доброто на Свонси и за доброто на нашите најверни фанови. За прв пат, во изминатите 10 години, клубот мораше на ваков начин да ја прекине соработката со данскиот стручњак. Не гледам ништо споно во ваквиот прекин на соработката. Пред некој ден имав состанок со нашиот менаџер и двајцата свативме дека клубот нема да биде во состојба да го исполни тоа што беше договорено на стартот од актуелната сезона. Ни стана јасно дека во преостанатите 14. кола нема да бидеме во состојба да ја исполниме зацртаната цел од почетокот на сезоната”, изјави Ху.

Првиот човек на англискиот премиерлигаш потврди дека во жешкото менаџерско столче ќе седне искусниот дефанзивец Гари Монк.