Лубек: Судири меѓу полицијата и демонстрантите

Групи демонстранти влегоа во судир со полицијата синоќа во германскиот град Лубек, каде почна средбата на министрите за надворешни работи на земјите од Г-7.

Центарот на Лубек практично е под опсада, а сообраќајот во стариот дел од градот е блокиран. Околу 3.500 полицајци се задолжени за безбедноста во градот. Прес-центарот, каде работат новинарите, акдредитирани за состанокот, се обезбедува од полицајци со шлемови и панцири и со полициски кучиња.

Некои од учесниците во протестот против состанокот на Г-7 се обидоа да го пробијат полицискиот кордон.

На состанокот, министрите за надворешни работи ќе разговараат за ситуацијата во Украина, Јемен и Иран како и за самитот на Г-7 кој ќе се одржи во Баварија на 7. И 8. Јуни.

Во Лубек денеска се очекува да пристигне и американскиот државен секретар Џон Кери.

Германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмаер изјави синоќа дека враќањето на Русија во Групата зависи од нејзините напори во обидите за ставање крај на украинскиот конфликт, како и од нејзините ставовите во однос на другите кризи во светот, како тие во Сирија и Иран.