Свет

Лубиц пред поранешната девојка ја најавил несреќата

Лубиц пред поранешната девојка ја најавил несреќата

Пилотот осмоничен дека намерно го урна авионот на летот Барсеона – Дизелдорф и рекол на поранешната девојка дека е под психијатриски третман и дека планирал спектакуларен чекор, со цел свет ќе го запомни, пренесува МИА.

Германскиот весник „Билд“ објавува денеска интервју со жена која што тврди дека минатата година била во врска со Андреас Лубиц.

Во интервјуто неименуваната 26-годишна струјардеса изјавила дека кога слушнала за несреќата се потсетила на една реченица која што Лубиц постојано ја повторувал додека биле во врска.

– Еден ден ќе направам нешто ќе го промени системот и сите ќе го запомнат моето име и повтроувал Лубиц на поранешната девојка, која што во интервјуто за „Билд“ истакна  дека тогаш не знаела што значи тоа што сега станало очигледно.

Според неа Лубиц ја предизвикал несреќата поради неговите здравствени проблеми и поради тоа што пропаднале неговите соништа да биде пилот на „Луфтханза“ на долги релации.

Лубиц со неа не зборувал за неговата болест туку само споменал дека има психолошки проблеми.

Поранешната блиска пријателка која „Билд“ ја именува како Марија В. во интервјуто вели дека секогаш кога зборувале за работата тој бил вознемирен и станувал друга личност. Се плашел дека ќе ја загуби работата, му недостасувале пари и не можел соодветно да се соочи со притисокот.

Марија В. посочи дека таа не сакала да биде во јавна врска со колега од иста компанија и затоа врската била држена во тајност.

„Луфтханза“ одби да ги коментира наводите од интервјуто дадено за најтиражниот германски весник „Билд“ од страна на поранешната блиска пријателка на Лубиц.